| четврток, 6 декември 2018 |

Ленард: Сеуште не ја прегледав снимката, но мислам дека Заза не ме повреди намерно!

kavai lenard

Со историскиот пресврт кошаркарите на Голден Стејт го совладаа Сан Антонио во Оукленд и поведоа со 1-0 во финалето на Западот. Натпреварот го одбележа со повредата на најдобриот играч на гостите, Кавај Ленард. Поради повреда на скочниот зглоб, асот на Грег Попович ја напушти „Оракл Арената“ во средината на третиот период, по еден дуел со Заза Пачулија.

– Многу ме боли ногата и тешко е да кажам каква е состојбата. Мислам дека Заза немаше намера да ме повреди. Сакаше да ме блокира, а времето истекуваше. Морам уште еднаш да ја погледнам снимката – изјави по мечот Ленард.

Пачилија го нагази Ленард по еден шут од полудистанца и тоа е причината за повредата. Кавај Ленард поради истата повреда го пропушти шестиот меч од полуфиналето со Хјустон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top