Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа скокна до 180. позиција на ВТА листата, што е најдобар нејзин ранкинг во кариерата. По пласманот во полуфиналето на турнирот во Рим, Ѓорческа дебело се спушти под 200. место што секако дека е голем успех.
Анџелик Кербер ја мина Серена Вилијамс и се врати на првото место на ВТА листат. Каролина Плишкова е трета а победничката во Мадрид, Симона Халеп од осмото скокна на четвртото место во светот.
Потоа на листата следуваат Цибулкова, Конта, Мугуруза, Кузнецова, Радванска и Возњацки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.