Луис Хамилтон е победник на ГН на Шпанија, откако денес победи на патеката во Барселона за трета сезонска победа и намалување на предноста во генералниот пласман. На второто место заврши главниот конкурент за титулата на Британецот, Себастијан Фетел и неговото Ферари.
Пилотот на италијанската екипа го зададе првиот удар уште на самиот старт и обезбеди прва позиција пред првиот свиок. Во почетната мешаница Кими Раиконен и Макс Верстапен се судрија и двајцата ја завршија трката без ниту еден комплетиран круг.
Продолжението од трката донесе големи возбудувања, особено при второто влегување на Фетел во боксот, кога за нијанса беше побрз и излезе повторно пред Британецот. Хамилтон беше побрз со оглед на изборот на пневматици, но тешко доаѓаше до шанса да го претекне германскиот пилот.
Мерцедесот на Хамилтон конечно успеа да се избори за првото место во дуелот со Фетел и започна да прави разлика во пресрет на последните 20 круга. Иако имаше истрошени пневматици, британскиот пилот издржа до крај и го израдува својот тим третпат сезонава.
На второто место заврши Фетел, кој очигледно ја загуби тактичката битка со својот ривал, а на пиедесталот имаше место и за еден болид на Ред Бул, односно за Даниел Рикардо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.