| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува борбата за титула, МЗТ Скопје или Карпош Соколи ќе биде шампион на Македонија

ante nazor

МЗТ Скопје со улога на благ фаворит влегува во финалната серија од плејофот против Карпош соколи, што ќе стартува со денешниот прв меч во СЦ „Јане Сандански“ (18 часот). „Металците“ во двете средби од Супер-лигата го совладаа незгодниот ривал, но тренерот Анте Назор ги предупредува своите избраници дека тие две победи мора што поскоро да бидат заборавени бидејќи финалните натпревари секогаш се многу поразлични од сите останати.

– Ова дефинитивно ќе биде поинаков натпревар од досегашните што ги одигравме против Карпош Соколи сезонава. Формата на противникот оди во исклучително нагорна линија, што најдобро може да се види со полуфиналната елиминација на Работнички во само три меча, нешто што сметав дека ќе го сторат на многу потежок начин. Мора да ги заборавиме одиграните средби, особено последната на домашен терен кога лесно и убедливо дојдовме до триумфот, која не го дава реалниот однос на силите на двата тима. Мора да бидеме подготвени за секој предизвик кој ќе ни биде наметнат од ’соколите’ кои исклучително многу ги почитувам, пред се поради нивната константност и тимска хемија – вели хрватскиот стратег на клупата на аеродромци.

МЗТ Скопје за овој натпревар ќе биде ослабен со неиграњето на капитенот Марко Симоновски, но затоа „фит“ по незгодните повреди што го мачеа ќе биде Стефан Синовец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top