Баер Левееркузен повторно е без тренер, откако спортскиот директор Руди Фелер утрово му врачи отказ на Тајфун Коркут, човекот кој пред повеќе од два месеци го наследи Роџер Шмит на клупата на „фармацевтите“.
Откако Баер Леверекузен едвај спаси бод на домашен терен против Келн (2-2), се чинеше дека „пожарот е изгаснат“ и дека клубот ќе ја заврши сезоната со турскиот стручњак. Сепак, осминафиналистот на Лигата на шампионите призна дека погрешил во изборот и му даде отказ на Тајфун само едно коло пред крајот на сезоната.
Најверојатно тренерот на младинската екипа ќе го води сениорскиот тим во последното 34. коло од Бундеслигата, а потоа ќе биде назначен нов тренер за следната сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.