Владејачката Конзервативна партија има предност од 18 поени пред главната опозиција во лицето на лабуристите пред претстојните парламентарни избори на 8 јуни во Велика Британија, покажа истражувањето на компанијата „Комрес“, пренесува Ројтерс.
Според спроведената анкета, конзервативците можат да се потпрат на 48% поддршка, што е за два отсто помалку од претходното истражување на компанијата објавено на 23 април. Лабуристичката партија покажува резултат од 30%, со пет повеќе од претходните.
Анкетата, во која учествувале најмалку над 2 илјади лица е спроведена онлајн во периодот 10-12 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.