| четврток, 6 декември 2018 |

Апликацијата „Слико збор“ победи во категоријата „Борба со болести“ на „World Summit Youth Award 2016“

Мобилната апликација „Слико збор“ (Picture Word) победи во категоријата „Борба со болести“ (Fight Poverty, Hunger & Disease) на Светскиот младински натпревар за иновативни решенија 2016 (World Summit Youth Award 2016), каде учествуваа над стотина земји од целиот свет со неколку илјади апликации и проекти поделени во 6 категории.

18447857_1641014105926986_1980897485_n

Оваа апликација е на младиот програмер Даријан Шекеров, ученик во 9 одделение во ООУ „11ти Октомври“ – Скопје.

Тој е горд на оваа награда зашто претставува не само негова победа, туку и на Македонија во светски рамки. Оваа награда претставува голема афирмација во светски рамки за него и неговата апликација бидејќи е претставена на голем број портали и вебстрани кои се направени за светот на информатиката.

17425960_1740497382877540_2353605822250872283_n

Ова не се единствените успеси на младиот талентиран информатичар. Што се однесува до неговите успеси на натпреварите по информатика и оваа година го освои првото место на регионалниот и државниот натпревар за ученици во основно образование. Шекеров се пласира и на државните натпревари по математика, физика и хемија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top