
Ја создаде првата македонска апликација „Сликозбор“ наменета за помош на децата со попреченост во говорот, оние со аутистичен спектар (аутизам) и за лицата без моќ на говор во секојдневната комуникација со блиските во семејството и надвор во околината.
Апликацијата е создадена во соработка со здруженијата во кои членуваат лицата со попреченост во говорот, и кои велат дека оваа апликација претставува големо олеснување во комуникацијата.

Ова не е негова прва апликација за Андроид. Талентот на Дарјан е неоспорен, за него се заинтересирале и професорите на ФИНКИ, како и од други институции. Тој беше најмладиот учесник на презентациитe од областа на информатиката пред студентите на ФИНКИ и студентите на Универзитетот на југоисточна Европа.
Апликацијата „Sliko zbor“ може бесплатно да се симне од „Play Store“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.