| четврток, 6 декември 2018 |

Горан Пандев рекордер во Серија А!

Pandev.Genoa.2016.17.750x450

Македонскиот фудбалер, Горан Пандев игра одлично во дресот на Џенова, а оваа сезона е рекордна за него кога се работи за настапите во Серија А. Имено, нашиот интернационалец стана рекордер по број на сезони на странски играч во италијанското првенство.

Пандев игра во Италија веќе 15 години, што го прави фудбалска икона кој уште е таму и го дава својот максимум. Авантурата ја започна во Интер, па замина на неколку позајмици, за повторно да се врати во дресот на Лацио и Интер и на крај да заврши во Наполи. По едногодишниот престој во Турција во дресот на Галатасарај, македонскиот фудбалер се врати во Италија во екипата на Џенова.

Оваа сезона со три гола на последните четири натпревари и помогна на Џенова во борбата за опстанок во лигата, која треба да се завери со победа над отпишаниот Палермо.

Него го нарекуваат и „кралот“ на Копа Италија, бидејќи е единствен фудбалер во историјата кој стигнал до четири последователни победи во Куп натпреварувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top