| четврток, 6 декември 2018 |

Илиевски: Талат Џафери има поддршка од само 58 граѓани, мнозинството граѓани не гласаше за Тиранската платформа

На 75-от ден од протестите, еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски пред граѓаните кои излегоа да протестираат пред Собранието, претседателот Талат Џафери нема поддршка од мнозинството граѓани.

-Како што кажавме Талат Џафери, само десет дена ќе го чекал Иванов и после тоа немал обврска да го чека, Ѓорге има мандат од 534 илјади граѓани, Талат има поддршка од 58 граѓани, кои мислат дека се мнозинство на пратеници од 27 април. Тие 58 граѓани немаат поддршка од мнозинството граѓани на Република Македонија, мнозинството не гласало за Тиранската коалиција, ниту тие 700.000 кои си ги бројат не гласале за Тиранската платформа, бидејќи таа не постоеше пред изборите, изјави Илиевски.

-Вицот на денот повторно доаѓа од „мало морген“ претседателот на Собранието, Талат Џафери, тој очекувал во врска со настаните на 27 април да биде формирана комисија, до тука е добро, која што целосно ќе ги испита настаните и до тука добро, бидејќи сметал дека одредена одговорност имаат и пратениците, сега е веќе одлично. Само, Талат Џафери мисли едно, иако  фројдовска грешка му се случила, па ја кажува вистината, навистина имаат одговрност пратениците, а најголема одговорност, не велам дека немаат сите, но најголема одговорност има оние 58-9 души, кои се броеја како 61 или 67, веќе не знам и се обидоа да направат државен удар во Република Македонија. Таа комисија веќе е направена, се вика Уставен суд на Република Македонија, ако и тој брои мнозинство како и вие внатре не дај Боже има и други судови и во земјата и во Европа и на други места, изјави Илиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top