| четврток, 6 декември 2018 |

„Фолтин“ во балкански поход

Едna од најоригиналните македонски групи, битолскиот „Фолтин“, заминува на балканска турнеја на која ќе го промовира новиот албум „Антитело“.

299991_447211881993827_1114137675_n

Албумот „Антитело“ е продолжение на склопот на алтернативна македонска и светска музика, експериментирајќи со акустични и електрични инструменти. Самите „Фолтин“, пак, својата музика ја опишуваат како ирационален процес на креирање интимен фолклор произлезен од нивните соништа и импресии.

947100_530818363633178_957312125_n

Со самостоен концерт ќе настапат во Риека на 5 јуни, следниот ден имаат настап во култниот клуб „Кино Шишка“ во Љубљана , а на 7 и на 9 јуни ќе настапат во Целје, односно Крањ.

По балканската турнеја бендот ќе настапи во скопскиот летен клуб „Хавана“ на 11 јуни. Влезниците чинат 200 денари.

Следуваат настапи во Охрид , Кичево, Гевгелија, Франција, Швајцарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top