| четврток, 6 декември 2018 |

МФ бара појаснување од Уставниот суд за земјоделските субвенции

sub

Уставниот суд денеска на својата веб страница го објави Решението според кое нема законска пречка за исплата на земјоделските субвенции пред да се формира влада.

Во врска со објавеното Решение, Министерството за финансии (МФ) информира дека во текот на денов официјално поднело писмо до Уставниот суд од кој бара да му достави препис од Одлуката и појаснување.

Уставниот суд завчера, на 10 мај, поведе постапка за оценување на уставноста на одредби од Изборниот законик и од Законот за спречување на корупцијата, односно донесе времена мерка за запирање од извршување на оспорените одредби со кои се забрануваше исплатата на земјоделските субвениции до формирањето на новата влада. Оваа мерка важи до конечното одлучување на Судот.

Иницијативата до Уставниот суд беше поднесена од земјоделското здржение „Агротиквешија“ со која се бараше оспорување на членот од Изборниот законик, според кој е забранета исплата на субвенции до формирање нова влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top