ВМРО-ДПМНЕ понуди три датуми како можност за одржување локални избори. Антонијо Милошоски на прес-конференција посочи дека партијата смета дека е најдобро да се одржат брзи локални избори, односно кон почетокот на јули.
– Го повикуваме парламентарното мнозинство веднаш да створи услови за распишување на локалните избори и да го овозможи работењето на советите и градоначалниците во овој меѓу период. Ние сметаме дека првиот термин кој е соодветен за одржување на брзи локални избори во интерес на граѓаните и општините е 2 јули – изјави Милошоски.
Тој додаде дека доколку парламентарното мнозинство не е подготвено за брзи локални избори во јули, тогаш втор термин кој ВМРО-ДПМНЕ смета дека е прифатлив е 17 или 24 септември.
– Доколку парламентарното мнозинство на СДСM, ДУИ, Беса и Алијансата на Албанците не се спремни за локални избори во септември, тогаш предлагаме изборите да бидат одржани на 15 октомври, но напоменуваме дека секој подалечен рок за одржување на локалните избори би создал поголеми негативни последици за општините и би нанел поголема штета на интересите на граѓаните – вели Милошоски.
Тој смета дека секој обид, како што вели, неразумно да се одолговлекуваат локалните избори и да се блокира мандат на општините би се толкувал како бегање од избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата