Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Фернандо Мориентес храбро го прогнозираше резултатот на претстојното финале на Лигата на шампионите, помеѓу Реал Мадрид и Јувентус.
Мориентес беше дел од финалниот натпревар пред 19 години, во кој Јувентус беше поразен од Реал Мадрид со 0-1, а на тој натпревар фудбалерите на „старата дама“ важеа за големи фаворити.
– Мислам дека и овојпат ќе биде 1-0 за Реал Мадрид…од непостоечки пенал. Стрелец ќе биде Герет Бејл, изјави со доза на сарказам поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и се присети на натпреварот пред 19 години: „Тогаш не бевме фаворити против Јувентус, за кого играа фудбалери како Зидан, Дешамп, Инзаги, но на крајот победивме. Можеби пехарот од Лигата на шампионите заслужија да го освојат Атлетико Мадрид и Џанлуиџи Буфон, но фудбалот е себичен спорт и се паметат само победниците – заврши Мориентес.
41-годишниот Мориентес од 1997 до 2005 година беше дел од тимот на Реал Мадрид. За „кралскиот клуб“ запиша 182 натпревари и постигна 72 гола. Во 2003 година беше испратен на отстапка во Монако, а токму неговиот погодок протиов Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ се покажа како витален за елиминацијата на „кралскиот клуб“ во четвртфиналето на Лигата на шампионите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.