УЕФА го одбра Феликс Брих од Германија како главен судија на големото финале во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Јувентус, кое ќе се одигра на 3 јуни во Кардиф.
Германецот, има 41 години и е интернационален судија од 2007 година, бил дел од пет натпревари во овогодинешната сезона во Лигата на шампионите, вклучувајќи го осминафиналниот дуел помеѓу Порто и Јувентус.
Брих веќе беше дел од едно големо финале, она од 2014 година во Лигата на Европа помеѓу Севилја и Бенфика во Торино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.