| четврток, 6 декември 2018 |

Чернодрински ја формира првата театарска група „Скрб и утеха“

Makedonska_krvava_svadba_plus_Vojdan_Pop_Georgiev

13 мај 1901 го­ди­на

Чер­но­дрин­ски ја фор­ми­ра пр­ва­та ма­ке­дон­ска те­а­тар­ска гру­па „Скрб и утеха

По го­ле­ми­от ус­пех на из­вед­ба­та на пр­ва­та дра­ма на ма­ке­дон­ски ја­зик „Ма­ке­дон­ска кр­ва­ва свад­ба“ во Со­фи­ја, ма­ке­дон­ски­от дра­ма­тург Војдан Чернодрински ја фор­ми­ра пр­ва­та ма­ке­дон­ска те­а­тар­ска гру­па „Скрб и утеха“. По­доц­на драм­ска­та еки­па го про­ме­ни­ла име­то во „Сто­ли­чен ма­ке­дон­ски те­а­тар“. По Пр­ва­та свет­ска вој­на Чер­но­дрин­ски жи­вее и ра­бо­ти во Бу­га­ри­ја ка­ко еми­грант. Иа­ко не­го­ва­та та­тко­ви­на се стек­на­ла со сло­бо­да во 1945 го­ди­на, Вој­дан не мо­жел да се пре­се­ли во Ма­ке­до­ни­ја и умрел во Со­фи­ја во 1951 го­ди­на.

Иа­ко Чер­но­дрин­ски за­пи­шал прав­ни сту­дии во Грац, не ги за­вр­шил и за да се по­вр­зе со ос­ло­бо­ди­тел­но­то дви­же­ње во Македонија, Вој­дан по­ба­рал учи­тел­ска служ­ба во Ма­ке­до­ни­ја. Тој бил наз­на­чен за учи­тел во се­ло Могила, Битола. Вој­дан не слу­жел мно­гу дол­го ка­ко учи­тел во Ма­ке­до­ни­ја. Тој ра­бо­тел ка­ко учи­тел во Ма­ке­до­ни­ја са­мо ед­на го­ди­на, учеб­на­та 1897-1898 го­ди­на. По­тоа тој се вра­тил пак во Со­фи­ја, ка­де што со те­шки ма­ки и по­дол­ги пер­и­пе­тии ус­пе­ал да ја одр­жи пр­ва­та не­го­ва дра­ма на ма­ке­дон­ски ја­зик – „Ма­ке­дон­ска кр­ва­ва свад­ба“. Дра­ма­та за­бе­ле­жа­ла го­лем ус­пех и се одр­жа­ле не­кол­ку ре­при­зи во Со­фи­ја. По Со­фи­ја, дра­ма­та се оди­гра­ла и во Плов­див. Тоа го мо­ти­ви­ра­ло Вој­дан да се за­ла­га за фор­ми­ра­ње ма­ке­дон­ски те­а­тар. По ре­ор­га­ни­за­ци­ја на еки­па­та со ко­ја ги одр­жу­вал прет­ста­ви­те, тие соз­да­ле но­ва драм­ска еки­па под име­то „Скрб и уте­ха“. Ус­пе­хот на драм­ска­та ма­ке­дон­ска еки­па рас­тел и се одр­жа­ле но­ви го­сту­ва­ња во Бу­га­ри­ја би­деј­ќи не­ма­ло со­од­вет­ни тех­нич­ки ус­ло­ви во Ма­ке­до­ни­ја. По сѐ по­го­ле­ми­от ус­пех на драм­ска­та еки­па, таа си го про­ме­ни­ла по­втор­но име­то во „Сто­ли­чен ма­ке­дон­ски те­а­тар“. По одр­жу­ва­ње­то и за­ду­шу­ва­ње­то на Илин­ден­ско­то во­ста­ние, но­ви­те по­ли­тич­ки ус­ло­ви му овоз­мо­жи­ле на Вој­дан го­сту­ва­ња во Ср­би­ја и та­му бил пре­че­кан со го­ле­ми сим­па­тии.

По Мла­до­тур­ска­та ре­во­лу­ци­ја во 1908, Ма­ке­до­ни­ја се здо­би­ла со по­до­бра по­ли­тич­ка кли­ма и Вој­дан Поп Ге­ор­ги­ев и не­го­ва­та же­на Ма­ри­ја Поп Ге­ор­ги­е­ва (ар­тист-ама­тер) при­стиг­на­ле во Скоп­је, а по­доц­на и во Со­лун и во Би­то­ла. Тој во Ма­ке­до­ни­ја учес­тву­вал во ор­га­ни­зи­ра­ње учи­те­ли и учи­тел­ки што ги под­го­тву­ва­ле те­а­тар­ски­те прет­ста­ви. Тие ор­га­ни­зи­ра­ле по­ве­ќе европ­ски дра­ми, ме­ѓу кои се наш­ла и „Ма­ке­дон­ска кр­ва­ва свад­ба“, прв­пат из­ве­де­на во сво­ја­та та­тко­ви­на.

На­вод­но, спо­ред бу­гар­ски­те те­а­тар­ски кри­ти­ча­ри, по смрт­та на Вој­дан Поп Ге­ор­ги­ев во СР Македонија во тек­стот на дра­ма­на „Ма­ке­дон­ска кр­ва­ва свад­ба“ се вне­су­ва­ле ма­ли про­ме­ни, од­нос­но збо­ро­ви­те „Бу­га­ри“ или би­ле из­бри­ша­ни или за­ме­не­ти со „рис­ја­ни“. Но, се­пак, и во пред­го­во­рот што го на­пи­шал Поп Ге­ор­ги­ев и спо­ред сво­е­то жи­вот­но освр­ну­ва­ње, тој јас­но и пре­циз­но ка­жу­ва што е и јас­но ја истак­ну­ва ма­ке­дон­ска­та на­род­ност ка­ко по­себ­на ет­нич­ка гру­па..

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top