| четврток, 6 декември 2018 |

Турскиот театар со „Отело“ вечерва гостува на ИНФАНТ во Нови Сад

Турскиот театар со претставата „Отело“ на на 29 јуни гостува на 44. Интернационален фестивал на алтернативен и нов театар ИНФАНТ во Нови Сад, Србија.

Претставата е во режија на Дејан Пројковски, а улогите ги толкуваат Џенап Самет (Отело), Сузан Акбелге (Дездемона), Селпин Керим (Јаго), Осман Али (Касио), Зубејде Али (Емилија) и Неат Али (Родриго).

Оваа режисерска експликација сакам да ја посветам на  актерите и сите колеги позади сцената со кои ги создаваме нашите заеднички соништа. За актерите со кои се разбираме со поглед, со дишење , со отчукувањата на срцата….за актерите кои живеат за мигот , за она неразбирливото , за она што не се кажува со зборови , за оној свет во која што ако не веруваш неможе да постои. За Селпин, Џенап, Сузан, Осман, Зубејде, Неат…за актерите со кои ги градиме и создаваме соништата. Секое креирање на  нова претстава со нив, само ми потврдува дека сеуште има актери кои посветено работат и живеат во име на театарот…во име на МИГОТ кој го создаваме…МИГОТ наречен театар. Токму затоа оваа режисерска експликација е за моите актери преку кои јас и вие драга публико ја слушаме ТИШИНАТА НА СЦЕНАТА, вели режисерот Дејан Пројковски.

Турскиот театар со оваа претстава гостуваше и на 25. Меѓународен театарски фестивал „Варненско лето“ во Варна, Република Бугарија, на „Војдан Чернодрински“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top