| четврток, 6 декември 2018 |

Дебакл на Хјустон во последниот меч од сезоната, Сан Антонио оди во финале (видео)

san antonio

Кошаркарите на Сан Антонио го декласираа Хјустон со 114-75 и со 4-2 во победи се пласираа во финалето на Западната конференција во НБА лигата.

Хјустон неславно ја заврши сезоната во својот „Тојота центар“. Спарси и без Леонард го понижија домаќинот, од првата минута наметнувајќи свој ритам кој Хјустон во ниту еден момент не можеше да го следи.

Предноста на Сан Антонио во еден момент изнесуваше и цели 42 поени.

Во победничката екипа се истакна ЛаМаркус Олдриџ со 34 поени, дополнети и со 12 скока. Џонатан Симонс постигна 18 поени, додека Пети Мајлс дополни со 14 поени. По Гасол постигна 10 поени, со 11 скока, пет асистенции и три блокади.

Кај Хјустон, Тревор Ариза постигна 20 поени. Клинт Капела постигна 15 поени, дополнети и со 12 скока, додека Џејмс Харден имаше скромни 10 поени, со три скока и седум асистенции.

Сан Антонио во финалето ќе игра против Голден стејт, а првиот натпревар на распоред е во недела. Голден стејт ќе биде домаќин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top