| четврток, 6 декември 2018 |

Крвава свадба – гостите се истепале за време на веселбата, еден завршил во кома (видео)

Дури 50 мажи во свечени костуми учествувале во незапамтената масовна тепачка, која се случила на свадбена веселба во близина на Сан Франциско.

Снимката која ја забележа општата тепачка прикажува мажи кои разменуваат удари, се буткаат на под, шутираат, а некои дури своите чевли ги користат како „оружје“ во тепачката.

Спорот започнал во хотелот во кој присустувале околу 700 гости, а продолжил на улицата пред хотелот. Тепачката траела околу 20 минути, до доаѓањето на полицијата, пишува „Мирор“.tepa

Не се знае кој точно ја започнал тепачката, но двајцата лица од обезбедувањето не можеле да го спречат метежот и боксовите.
tepa2
Полицијата соопштила дека две лица се наоѓаат во болница поради сериозни повреди, а едно од нив е дури во кома. Амритал Синг(25) е обвинет за нанесување тешки телесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top