Екипата на Манчестер јунајтед благодарејќи на единствениот гол во првиот натпревар на гостувањето кај Селта во полуфиналето на Лигата на Европа се пласираше во финалето во Стокхолм бидејќи на домашен терен повторно не ги оправда очекувањата на навивачите и ремизираше во реваншот.
Мурињо извади тим преполн со фудбалери за врска за да парира на пас играта на Шпанците. Селта повеќе ја имаше топката, но Англичаните беа поконкретни. Митаријан прв се закани, но биеше преку голот на Алварез.
Иако имаа повеќе од играта во текот на целиот натпревар шпанскиот тим не дојде до целосен пресврт по примениот гол во 17 минута. Стрелец за „црвените-ѓаволи“ беше Маруан Фелаини.
Шансите за Селта се редеа како на филмска лента пред голот на Ромеро, но едиствениот погодок беше постигнат дури во 85 минута. Стрелец беше Факундо Ронкаља кој најдобро се снајде во шеснаесетикот на јунајтед.
Сепак тоа беше се што направија, а до крајот на мечот се одвиваше вистинска драма. Заради вербален дуел директни црвени картони заработија Бејли од Манчестер Јунајтед и стрелецот Ронкања за Селта. Во последните секунди Гуидети имаше колосална шанса, но за малку не ја погоди целта и не го замолкна „Олд Трафорд“.
И по шест минути судиско надополнување резултатот не се менуваше и со реми тимот на Мурињо прослави место во финалето. Многу веројатно само со освојување на трофејот од Лига Европа, Манчестер Јунајтед ќе може да игра во следното издание на Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)