Книгата на португалскиот економист Жоао Фереира до Амарал, „Зошто треба да го напуштиме еврото“, од април досега е меѓу најпродаваните дела. Периодот кога кризата ја стега еврозоната, а невработеноста постигнува рекорди, економистот предвидува дека само прашање на време е кога Португалија ќе излезе од европската монетарна унија.
– Од еврозоната треба да се излезе за таа да се стабилизира, за две или три години, без многу помпа – наведува Фереира до Амарал, заговарајќи враќање на старата португалска валута, ескудата, во договор со европските влади, Брисел и Европската централна банка.
Фереира до Амарал е познат економист во Португалија и се залагаше Португалија да не го усвои еврото во 1999 година.
– Согледав дека португалската економија неизбежно ќе трпи поради приклучувањето кон еврозоната – вели тој. Според него, португалскиот парламент го одобрил еврото без референдум и се откажал од основниот инструмент на политичка автономија – печатење пари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


