| четврток, 6 декември 2018 |

Мастерс турнир во Мадрид: Чориќ го елиминираше Мареј, Надал убедлив против Киргиос

nintchdbpict000323028656-e1494520892326

Првиот рекет во светот, Енди Мареј денес беше сопрен во осминафиналето на Мастерсот во Мадрид. Подобар од него беше Борна Чориќ кој победи во два сетови со 6-3 и 6-3. Чориќ до втората победа во 4-от натпревар против Мареј стигна за 1 час и 26 минути игра.

Последен место во четвртинафиналето обезбеди Рафаел Надал кој убедливо со 2-0 во сетови го совлада австралиецот Ник Киргијос.

За пласман во полуфинале Надал ќе мора да се бори против Гофан.

Во останатите натпревари играат Ѓоковиќ – Нишикори, Куевас – Зверев и Чориќ – Тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top