| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарчани: Македонија насила се уништува се со цел да се затвори македонското прашањe

kav

Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија и вечерва организираше протестен марш во Кавадарци. Од кавадаречкиот градски плоштад беа повторени барањата за отфрлање на тиранската платформа и зачувување на унитарноста на државата.

Пред присутните говореше Светлана Јосифова, историчар. Таа меѓу другото рече дека Македонија се наоѓа во вонредни услови од кои можат да ја извлечат само граѓаните, кои повеќе од седумдесет дена мирно маршираат по патеката на државноста.

– Во Македонија веќе не владеат правото и правдата, не владее демократската држава. Вистината боли дека насила Македонија се уништува се со цел да се затвори македонското прашање, бришење на македонскиот идентитет и федерализација и распарчување на Македонија, нагласи Јосифова.

Притоа додаде дека под притисок од надвор се институциите, судиите, Уставниот суд.

– Го повикувам Уставниот суд кој треба со закон да ја брани унитарноста на државата, да го поништи и отфрли нелегитимниот избор за претседател на Собрание, апелираше Јосифова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top