| четврток, 6 декември 2018 |

Нина Костовска, девојката со Даунов синдром победник на годинашните ораторски вечери

Нина Костовска, студент на четврта година на катедрата по Македонски јазик и литература е годинашниот победник на ораторските вечери. Пошироката јавност ја познава Нина како заштитно лице на УНИЦЕФ во нивната кампања за поддршка на лицата со Даунов синдром.

Второто место го освои Горјан Бошевски, магистрант на правниот факултет.

Третото место го освои Ема Анамијевска, студент на музичка академија со целосно оштетен вид.

oratorska_vecer

На ораторските вечери учествуваа 13 студенти од повеќе универзитети во Македонија чии говори беа на однапред зададената тема: Успехот не е конечен, неуспехот е фатален, храброста да се продолжи, е тоа е важно!

Настанот кој е прв од ваков вид кај нас во високото образование, покрај негувањето на ораторските квалитети, вистински го имплементира и концептот на социјална инклузија со својата отвореност и за студенти со развојни потешкотии и телесни инвалидитети, па така меѓу ораторите свои говори имаа и студенти кои секојдневно се соочуваат со овие пречки. Пет од говорниците беа студенти со развојни потешкотии – Даунов синдром, церебрална парализа, целосно оштетен вид и телесен хендикеп.

Сите оратори се натпреваруваа под исти правила и исти услови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top