Хрватска годинава доби мисица Афроамериканка. Шанел Пити (19) победи на изборот Мис универзум на Хрватска, а се пријавила, зашто нејзината мајка пред 20 години се борела за истата титула.
– Кога победив, почнав да плачам, зашто се сетив на мајка ми и знаев дека ќе биде многу горда да е денеска тука. Цвеќето од изборот ѝ го однесов на гробот во Славонски Брод, раскажува Шанел.
Актуелната Мис универзум на Хрватска е Хрватка по мајка и Американка по татко. Нејзината мајка Ивана и татко ѝ Александер, анерикански војник, се запознале во Америка, каде што мајка ѝ учела средно училиште. Во родниот град на мајка си, Славонски Брод, првпат дошла на четири месеци.
– Крстена сум во Славонски Брод и неколку години одев во основно училиште таму. Секое лето летувам на Пакоштане.
Славонката не ја гледа својата иднина во манекенството, туку се надева дека ќе стане научник, ќе студира математика и физика во Америка и сонува да стане директорка на НАСА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.