| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид го преживеа пеколот на „Висенте Калдерон“ (видео)

real madrid

Екипата на Реал Мадрид ја сочува предноста од првиот меч во полуфиналето на Лигата на шампионите од 3-0, и во раваншот на „Висенте Калдерон“ иако загуби од градскиот ривал Атлетико со 2-1, се пласираше во големото финале во Кардиф.
Со овој пласман Реал ќе има шанса на 3.јуни против Јувентус да се обиде да ја одбрани титулата и да влезе во историјата на Лигата на шампионите. Тоа ќе биде 15.финале за „кралскиот клуб“ во елитното европско клупско натпреварување, а ќе се обиде да стигне до 12.трофеј, и да стане прв тим што успеал да ја одбрани титулата.

Атлетико Мадрид како што најави пред почетокот на овој меч дека нека да се брани, тоа го манифестираше и на теренот кога избраниците на Диего Симеоне почнаа фуризно со намера набрзина да ја анулираат предност на противникот од „Сантијаго Бернабеу“. За само 15 минути игра имаа одлична предност од 2-0 и дополнително вршеше притисок кон голот на „кралевите“.

Саул Нигез во 12.минута го отвори резултатот во 12.минута со одличен удар со глава, а три минути подоцна беше досуден пенал за домаќинот, по стартот на Варан над Фернандо Торес. Ударот од белата точка го реализираше Антоан Гризман, за да се распали до максимум атмосферата на стадионот.

Но, Реал Мадрид на претходните 60 натпревари во ЛШ постигна барем еден гол, па Иско не можеше да дозволи традицијата да биде прекината.

Карим Бензема нанижа тројца противнички фудбалери пред гол – линијата на левата страна, го проигра Крос, кој шутираше, Облак ја одби топката, а Иско се најде на вистинското место и ја затресе мрежата. „Кралевите“ го постигнаа посакуваниот погодок во 42.минута, за пласман во ново големо финале.

Во второто полувреме, Атлетико Мадрид немаше сили за чудо, а Реал Мадрид беше задоволен од епилогот, иако тоа е прв пораз за „кралскиот клуб“ оваа сезона во ЛШ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top