Воените пилоти дале одлични оценки за брзината и прецизноста на маневарските способности на најновиот руски ловец Миг-35, чии што тестирања штотуку започнаа – рече заменик министерот за одбрана на Русија, Валериј Борисов.
Борисов додаде дека авионот ги исполнил сите очекувања на пилотите, се покажал многу добро кога станува збор за маневарските способности и стабилноста, а сите инсталирани напредни системи исто така работеле без грешка, иако станува збор за прва фаза од тестирањето.
Руската воздухопловна корпорација го претстави својот најнов ловец Миг-35 од генерацијата 4++ на почетокот од оваа година, а авиоонот е во состојба ефикасно да погоди мети во воздух, на море и на копно, а воените експерти задолжени за текот на тестирањето се пофалиле велат дека авионот ги руши сите закони на физиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)