| четврток, 6 декември 2018 |

Миранда Кер стана специјалист за јога

Една од најплатените манекенки во светот, Австралијанката Миранда Кер, стана вистински стручњак за јога судејќи според фотографијата што ја поставила на својот профилна „Твитер“.

Миранда на една плажа во Сиднеј е сликана како во бикини прави мост, а фотографијата е проследена со коментарот: „Раздвижување со јога, отворете го срцето, лето е!“
Црно-белата фотографија покажува колку навистина оваа 30-годишна манекенка, инаку мајка на 15-месечно момче, е слаба бидејќи сите ребра и се гледаат. Претходно Миранда откри дека секојдневно вежба јога наутро, но брановите во заднината на сликата секако се многу подобра локација од просечното јога студио во затворен простор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top