Познатите косовски криминалци браќа Геци, кои се бивши припадници на УЧК и извршители на повеќе убиства, браќа на озогласениот косовски криминалец кој се бара со меѓународна потерница, Гани Геци, за извршување на повеќе убиства и други тешки кривични дела, го посетија Зијадин Села во неговиот дом, во Ливада. Бил присутен и Рефик Черими, советник на Оливер Спасовски.
Браќата Геци придружувани од Мухамед Зекири од СДСМ вчера го посетија Села. Села пред неколку дена беше пуштен од тетовската болница каде лежеше поради инцидентите од 27-ми април во Собранието.
На оваа посета не беше присутен Гани Геци. Тоа може да се забележи и на фотографиите постирани на Фејсбук профилите на Зијадин Села и Мухамед Зекири. Гани Геци не дошол на посета кај Села, бидејќи постои распишана потерница од страна на Србија, и плашејќи се да не го уапси македонската полиција не дошол за ова пренесува еден од албанските портали.
Но затоа според изворите на еден од албанските портали потврдува дека Гени Гаци има остварено телефонски разговор со Зијадин Села.
Инаку Гани Геци е поранешен пратеник во Собранието на Косово. Тој е еден од седумте браќа кои беа протагонисти за неколку случувања за време на војната во Косово, но и после војната.
Според ЕУЛЕКС – Сабит Геци, Рустем Геци и Хетем Геци се прогласени за виновни за воено злосторство против цивилното население, поради убиството на Гани Бериша извршено на 18-ти јуни 1999 година во медицинскиот центар во Скендерај / Србица.
Инаку познатиот косовски ганстер Гани Геци е обвинет за убиство на Ружди Шаќири, поранешен командант на УЧК. Гани Геци безмилосно го убил испукувајќи четири куршуми во телото на убиениот.
Затоа тој беше осуден за убиство на 4 години затвор и за поседување на оружје без дозвола на 10 месеци затвор. Но судот му го има унифицирано обвинението.
Медиумите уште во предизборниот период пишуваа дека Мухамед Зекири се среќавал со одредени криминално-мафијашки структури од Косово, од кои најверојатно добил помош за изборите од декември минатата година.
Тука се поставува главното прашање нивната посета за која цел е остварена? Со се какви банди Зијадин Села и Мухамед Зекири соработуваат?
Извор: periskopi.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.