| четврток, 6 декември 2018 |

Сан Антонио по продолжение славеше над Хјустон за водство од 3-2 (видео)

san antonio

Екипата на Сан Антонио на драматичен начин дури по продолжение славеше во петтиот меч од полуфиналето на западната конференцја во НБА лигата над екипата на Хјустон со 110-107 за водство од 3-2 во серијата.

Дополнителен проблем во продолжение од плејофот за Спарс по отсуството на Паркер, е и повредата на Кавај Ленард кој се пожали на повреда во второто полувреме и го напушти паркетот. Но, затоа ги имаше Дејмонд Грин и на Ману Џинобили.

Харден во имаше шанса да го одведе мечот во ново продолжение, но Џинобили се најде на вистинското место, го изблокира неговиот шут за три поени.

Искусниот Аргентинец запиша 12 поени, седум скока и пет асистенции. Дени Грин имаше 16 поени, додека Леонард забележа 22 поени. Харден забележа трипл-дабл од 33 поени, 10 скока и 10 асистенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top