Младиот офанзивен фудбалер на Монако кој оваа сезона прераснува во еден од најдобрите играчи во Европа, Килијан Мбапе успеа да се запише во листата на стрелци во реванш дуелот од полуфиналето во Лигата на шампионите.
Тој успеа по цели 690 минути да ја начне мрежата на Џиџи Буфон и со 18 години и 140 дена да стане најмладиот фудбалер кој успеал да постигне гол во полуфиналињата во Лигата на шампионите.
Ако продолжи да го надградува неговиот талент како што тоа го прави оваа сезона, тогаш со сигурност можеби ова лето да го направи и најскапиот трансфер ова лето.
За неговите услуги сериозно е заинтересиран Реал Мадрид кој сега нуди 100 милиони евра, а Монако бара 20 милиони повеќе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)