| четврток, 6 декември 2018 |

Со два гола во првиот дел, Јувентус го визира пасошот за Кардиф (видео)

juventus

Екипата на Јувентус по одличниот резултат во Монако (0-2) во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, со двата гола по првото полувреме во реваншот на „Јувентус арена“ во Торино може слободно да се каже дека веќе е финалист во најквалитетното фудбалско натпреварување во Европа оваа сезона.

По интензивни 30 минути во кои и Јуве и Монако имаа свои шанси да го отворат резултатот, Марио Манџукиќ ја доведе „старата дама“ во водство со 1-0 или вкупно 3-0 во дуелот со Монако.

На голот му претходеше контра напад воден од Алекс Сандро, Дани Алвес од спротивната страна центрираше до главата на Манџукиќ, чиј прв удар го одбрани неговиот сонародник Субашиќ, но Манџукиќ натрча и со нога ја смести топката во мрежата на гостите.

Вториот гол беше дело на најдобриот поединец на „старата дама“ во дуелите со Монако, Дани Алвес кој искористи една одбиена топка надвор од шеснаесетикот и со спектакуларен волеј удар ја смести во мрежата на Субашиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top