Граѓаните денеска по 72 пат го изразуваат својот револт поради протуркување на туѓи платформи во нашата држава, документи кои директно удираат по темелите на државноста на Република Македонија.
Еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски во име на граѓаните оддаде почит за загинатите во Диво насеље пред две години.
–На самиот почеток и ова е најбважно денеска, пред било што друго. Денеска навршуваат две години откако животот за Македонија, бранејќи ја татковината, во Диво насеље, кумановски животот го дадоа Жарко Кузмановски, Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илиевски, Исамедин Османи, Љубиша Рангеловиќ и Горан Стојменовиќ. Со минута молчење да им оддеме вечна почит. Со аплауз да ја наградиме нивната жртва. Тие ги дадоа своите животи за оваа земја, најмалку што може да направиме е да ја почитуваме таа жртва, изјави Илиевски.
Илиевски рече дека заборавивме на правото, заборавивме што е правна држава, заборавивме што се институции кои што ќе си ја бркаат својата работа. Денеска во службен весник излезе една срамна фалсификат одлука, одлука со која што тиранската коалиција се обидува да фалсификува една дивоградба, дивоградба т.н. обид за избор на претседател на Собрание на Република Македонија, таква дивоградба не може да се фалсификува, со никакви печати од заменик-секретар или измислени луѓе на измислена функција во одреден момент, таква одлука може да се одобри само на избори и никаде на друго место.
–Денеска е 9 мај по старо ден на победа над фашизмот, по ново и ден на Европа. Денес ќе ги одбележиме двата настани, за првиот ден на победа над фашизмот дадовме почит, положивме цвеќе, за жал беше единствено пред споменикот на паднатите борци од НОБ, во рамките на дворот на владата на Република Македонија. Тоа е споменик на луѓето кои се бореле во вториот Илинден, победата против фашизмот е дел од илинденската битка. Денеска на четвртиот Илинден, некој може да препознае повторно многу спорни елементи во односот на другите сили кон Македонија, но затоа сме тука денеска, пред овој објект, да ги потсетиме на принципите и вредностите на кои што се базираше ЕУ и што од неа остана денеска и како се однесува кон другите народи и нации, кон другите држави, како се однесува кон суверенитетот на нашата Република, запишан не само во Илинденскиот манифест, запишан и во Асном, суверенитет за кој се бориме и ние денеска. Денеска навршуваат 72 години од победата над фашизмот, денеска се 72 дена откако ние излеговме на улица. Симболиката во бројките размислете дали е случајна или не е случајна. Едно е факт, борбата никогаш не престанала и никогаш нема да престане, наша должност е да ја продолжиме. Продолжуваме зборувајќи ја вистината, заборавивме на правото, заборавивме што е правна држава, заборавивме што се институции кои што ќе си ја бркаат својата работа. Денеска во службен весник излезе една срамна фалсификат одлука, одлука со која што тиранската коалиција се обидува да фалсификува една дивоградба, дивоградба т.н. обид за избор на претседател на Собрание на Република Македонија, таква дивоградба не може да се фалсификува, со никакви печати од заменик-секретар или измислени луѓе на измислена функција во одреден момент, таква одлука може да се одобри само на избори и никаде на друго место, изјави Илиевски.
Изборот на претседател на Собранието прекрши многу членови од Уставот
–Член 20 од Уставот на Република вели, програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓани и политички партии не можат да бидат насочени кон уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена агресија, или разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост, тоа го вели уставот. А Бујар Османи вели не ја прифаќаме македонската химната како наша, а на албанската стануваме секогаш. Слушнавме што вели Уставот, а денеска во Службен весник потпишано од Горан Мисовски, потпишан како заменик претседавач на конститутивната седница на Собранието излезе таа срамна одлука. Заменик претседавачи на Трајко Велјаноски на конститувната седница се Стојан Миланов од СПМ и Јусуф Касами од Демократската партија на Турците во Македонија, назначени согласн о член 10 став 1 од деловникот на Собранието, на конститувната седница на Собранието одржана на 30 декември 2016 година, а не Горан Мисовски, тој се обидува да го наруши уставниот поредок на Република Македонија и за тоа треба да одговара. На 27 април, без да се закаже нова седница, без да бидат поканети сите пратеници, без дневен ред, без стручни служби, без подготвена одлука, без да се утврди присуство на седницата, без да се избројат пратениците кои што незаконски гласале, без да бидат поканети претставници од други органи и Владата на Република Македонија, кои деловнички секогаш се повикуваат, без да се образложи предлогот, без да отвори расправа, без присуство на јавноста на седницата, која задолжително се пренесува преку собранискиот канал, без записник и стенограмски белешки, без заклетва на пропишан начин, кришум од јавноста, без да се отвори дебата, без да се праша дали има друг кандидат, без мандат за граѓаните, без легитимитет од Уставот и законите да го прават тоа, зарем тоа е избор на претседател на Собрание, изјави Илиевски.
Тој ги праша евробирократите зарем не им е срам да даваат легитимитет на така избран претседател и кажа дека тоа е вистински срам за демократијата
–Наместо заедно да се бориме против негативностите чиј што јубилеј денеска славиме, зборувам за фашизмот, наместо да се бориме против современите окупации, некои бирократи и дипломати ги охрабруваат и поттикнуваат. Нема да им поминат, мора да има ред и закон, има членови кои ќе мора да се изјаснат, нема како поинаку да се изјаснат. Талат Џафери е незаконски обид за избор на претседател на Собранието, изјави Илиевски.
Тој кажа и дека е лага дека тие биле албанофоби.
–Лага е дека ние мразиме некои етникум во Македонија т.е. дека сме албанофоби, тоа е огромна, тоа е срамна лага. Не си албанофоб ако не се согласуваш со провокацијата на Талат Џафери да стави албански знамиња во кабинетот, ти само сакаш да се спроведува законот. Не си албанофоб ако си против провокацијата, најпрвата книга во тој ред, во библиотеката, која ја постави Талат Џафери, која е чиста провокација, книга во која се зборува за големоалбанските аспирации на албанскиот етникум, туку си човек кој се грижи за унитарноста и суверенитетот на Република Македонија и не поддржува такво нешто. Не си албанофоб ако си против пеењето на албанската химна Собранието, изјави Илиевски
Илиевски кажа декаТалат Џафери може да биде претседател ако е избран во редовна процедура, според законите и според Уставот и ако се откаже од Тиранската платформа.
–Едно ви ветуваме ние од нашата борба не се откажуваме, отпорот на неправдите е наша единствена опција, изјави Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.