| четврток, 6 декември 2018 |

Бон воајаж, маестро! Ти благодариме за сите шишиња…

Иако последните шест месеци по тешката сообраќајка ги помина во болнички кревет, во длабока кома, тажната вест за единствениот Зоран Маџиров денеска ја шокираше македонската јавност.

Последна почит до својот колега и пријател испраќаат голем број јавни личности. Музичари, актери, новинари, пријатели… сите со збор за него… Сите со иста мисла… маката и судбината на семејството Маџирови…

Валентино Скендеровски: Патувај Зоки, свири им таму да се веселат, да играат, нозете да ги болат. Не го дочекавме 50 роденден заедно…

madzirov valentino.jpg

Петар Младеновски „Суперхикс“: Bon voyage Маестро! Има луѓе тука што ќе го паметат и чуваат она што си го сработил. Ти благодариме за сите „шишиња“!

madzirov pece.jpg

Весна Бејби Петрушевска: Почивај во мир маестро…Еден беше Зоран Маџиров! Животот е еден миг, тажно, тажно…

dewgeagerhrstyjyk

Зоран Џорлев: Другар мој, почивај во мир! Останаа уште многу ноти да досвириме…Вечна ти слава!

madzirov dzorlev.jpg

Ели Клинчарова Младеновска: Maестро Маџиров ти благодариме и ти се поклонуваме. Твојата музика е наше богатство! Патувај, некој таму те чека…

madzirov eli.jpg

Михаил Парушев: Почивај во мир Зоран…

madzirov mihail

Maја Андоновска Илијевски: Твојата уметничка големина ќе недостиа бескрајно! Почивај во мир, сочувство до семејството

madzirov maja

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top