| четврток, 6 декември 2018 |

Звучи неверојатно, Рајола заработи на Погба колку и самиот фудбалер!

Mario Balotelli attends press conference in Nice

Англискиот весник „Дејли Меил“ во денешното издание пренесува шокантна вест која во јавноста излезе преку „Фудбал ликс“.

Се работи за строго доверливи информации околу трансферот на Пол Погба во редовите на Манчестер јунајтед и целиот финансиски извештај. Бројките и сумата се оддамна јасни, но нешто што го шокира светот е заработката на неговиот менаџер Мино Рајола.

Не се работи за 20 милиони евра колку што беше обелоденето веднаш по потпишување на договорот туку многу повеќе.

Италијанскиот менаџер веднаш доби 27 милиони евра од Јувентус, но тоа не е се. Тој се договорил и со Манчестер јунајтед да добие уште 15 милиони евра, по три за секоја година од договорот на фудбалерот со „црвените ѓаволи“, а инаксираше и од самиот фудбалер 2,5 милиони како провизија од договорот.

Тоа досега се 48 милиони евра, а дополнителни средства ќе се слеат на неговата сметка од личниот договор на Погба со Адидас.

Рајола долго време одбиваше да потпише договор со германскиот гигант за спортска опрема, за да може да го извлече најдоброто. Погба се договори со Адидас за 10-годишен договор за шест милиони евра по сезона со се бонуси, а Рајола секако ќе има процент и од тоа.

Тоа значи дека менаџерот со само еден трансфер успеа да се искачи рамо до рамо со најдобриот менаџер на сите времиња Мендеш и да го направи најбогатиот застапник на фудбалери во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top