Гар ду Нор, една од најфреквентните железнички станици во Европа, која се наоѓа во Париз, повторно работи, откако француската полиција денеска почна постепено повторно да ја отвора. Таа беше евакуирана од безбедносни причини.
Според француски изданија, полицијата трагала по три опасни лица. Подоцна во текот на ноќта беше соопштено дека операцијата е завршена. Властите не соопштија повеќе детали за операцијата.
Очевидец тврди дека пред станицата имало 20 до 30 полициски комбиња и дека припадниците на безбедносните сили носеле фантомки и оружје.
„Крај на сигурносните проверки. Постепено враќање во нормала“, објави париската полиција на „Твитер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.