Новиот сингл на Дани Димитровска, насловен „Нема две“, од вчера е во македонскиот етер. Песната е дело на Весна Малинова Бабамова (музика и текст) и Кирил Бабамов (аранжман и продуцент), снимена е во XL Студио/Дејан Момировски.
За видеото се користени сцени од првиот колор филм за Скопје, „Градот на Вардар”, снимен 1962 година во режија на големиот македонски филмски уметник Бранко Гапо.
– За што пеам? За едни подзаборавени суштински вредности. За љубовта, за луѓето, за градот, за срцето. За нас. За еднина. За целина. Скопјево, ова моево, љубов ми е. Прва. – вели Дани.
Оваа песна се наоѓа на најновиот албум на Дани, за кој сме во исчекување. До тогаш, ја имаме „Нема две“… За будење, за еднување..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)