Кошаркарите на Голден стејт се пласираа во финалето на Западната конференција со четвртата победа над Јута, овој пат од 121-105.
Вориорси на тој начин ја продолжија низата без пораз во плејофот исто како и Кливленд на истокот, и за пласман во големото финале ќе се борат со победникот од дуелот меѓу Сан Антонио и Хјустон.
Гостите на синоќешниот меч уште во првата четвртина ја навестија новата победа, добивајќи ја со 17-39. Па, иако Јута делумно се врати во вториот период, сепак немаше шанси за пресврт.
Дрејмонд Грин го запиша својот 22 „трипл-дабл“ со 17 поени, 10 скока и 11 асистенции, а најефикасен беше Стеф Кари со 30 поени, дополнети и со пет скока и 7 асистенции. Го следеше Клеј Томпсон со 21 поен, три повеќе од Кевин Дурант.
Кај Јута се истакна Хејворд со 25 поени, а Мек постигна 18 поени.
Како што е познато, во финалето на Истокот веќе се пласираше Кливленд, кој го чека победникот од мечот меѓу Бостон и Вашингтон (2-2).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)