| четврток, 6 декември 2018 |

Две години од настаните во кумановското Диво Насеље

Во престрелките животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ кои минатата недела посмртно беа одликувани со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија од страна на претседателот Ѓорге Иванов

Денеска се навршуваат две година од вооружената пресметка во кумановското Диво Насеље, која траеше два дена, при што животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи,  додека четириесетина беа тешкоповредени.

Во престрелките животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ кои минатата недела посмртно беа одликувани со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија од страна на претседателот Ѓорге Иванов.

Во вооружената престрелка покрај осумтемина припадници на полициските сили, беа убиени и 10 припадници на вооружената група.

За настаните во Диво Насеље од февруари 2016 година во скопскиот Кривичен суд се води судско рочиште против 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела терористичка организација и тероризам. Сите 29 обвинети за кумановските случувања пред судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се води постапка против осум лица помагачи на вооружената група од случајот „Диво Насеље“, со што бројот на обвинети се искачи на вкупно 37. Судскиот процес за обвинетите во овој случај сѐ уште трае.
На 9 и на 10 мај 2015 година во Диво Насеље вооружена група се судри со безбедносните сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top