По девет години строго чувана тајна, во јавноста се појави видеоснимка на која се гледа како германско беспилотно летало за само неколку метри промаши комерцијален „ербас 300“, во кој се превезувале стотина патници. Леталото минало покрај левото крило на авганистанскиот патнички авион и за влакно била избегната несреќа.
Снимката била објавена откако германскиотминистер за одбрана Томас де Маизиер минатата недела рекол дека во новиот тип беспилотни летала нема да се вградува технологија која спречува судири со други објекти затоа што тоа било прескапо. Одлуката била жестоко критикувана, а објавеното видео послужило како доказ колкава опасност претставува беспилотното летало.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


