| четврток, 6 декември 2018 |

Десет шик француски имиња за девојчиња

Французинките се инспирација за мода, трендови во шмикнањето, уредување на домот и општо за животниот стил. Од нив очекуваме префинетост, елеганција и вистинска доза на секојдневен шик. Затоа не е за изненадување што многумина избираат француски имиња за своите девојчиња.

1.Французинките на своите принцези им даваат име Авелин, кое се преведува како извор на живот.

2. Уште едно име кое почнува на првата буква на азбуката, е Аделис што значи отмена.

3. Флер е француски израз за цвеќе. И тоа е едно од десетте посакувани француски имиња.

4. Мелин е исто така едно од популарните имиња во Франција.

5. Елиз е кратенка од Елизабета, односно со други зборови, име достојно за кралица.

6. Мариел е супер избор за оние на кои им се допаѓа името Марија, но сакаат да го урбанизираат.

7. Клементин е женска верзија од Клемент.

8. Џулет е името на прекрасната актерка Џулиет Биниш, а во латинскиот јазик значи „младолика“.

9. Клое е меѓу трите најпопуларни имиња во Фрацнија.

10. Името Емануел го опишуваат како поетично и класично.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top