| четврток, 6 декември 2018 |

Избран со помалку од 61 глас – Талат генератор на дополнителна политичка криза (видео)

sobranie nemiri 27 04 2017 (11)

Ефтов: Дали избројавте колку точно пратеници гласаа за Талат Џафери?

Салиу: Си има служби кои го имаат тоа направено.

Ефтов: Би се согласиле ли сега да пробаме да направиме проста математика?! Дали беше Али Ахмети присутен на седницата?

Салиу: Не

Ефтов: Дали беше Бранко Манојловски присутен?

Салиу: Не беше ни тој.

Ефтов: Дали петте пратеника на БЕСА беа присутни?

Салиу: Беа.

Ефтов: И напуштија кога се гласаше.

Салиу: Учествуваа, после завршувањето на гласањето напуштија.

Ефтов: Не, напуштија пред да се гласа. Дали двата пратеника од ДПА беа присутни кога се гласаше?

Салиу: Едниот беше.

Ефтов: Дали е под 60?

Салиу: Мислам дека не паѓа.

Ова е разговорот на новинарот Васко Ефтов со колегата Исен Салиу во емисијата „Во центар“. Тој во разговор со главниот уредник на „Лајм“ прави математика – Дали Талат Џафери е изгласан со 61 глас.

Ефтов посочува дека остана да лебди дилемата дали Талат Џафери е со 61 глас во македонското собрание. Настрана сите оние фаули во демократската процедура, коментира тој, ако Талат Џафери не е избран со 61 глас во македонскиот парламент, тогаш влагаме во една многу нестабилна, многу кревка и многу неизвесна политичка и демократска иднина.

Шилегов и Зекири гласаа со две раце. Дали така Џафери стигна до 61 глас?!

Шилегов и Зекири гласаа со две раце. Дали така Џафери стигна до 61 глас?!

-Ако тука ја направија невината грешка, сите потези кои понатаму следат и кои се поврзани со Талат Џафери, ја носат на работ на демократска процедура и на одредена недемократска процедура. Всушност, така избраниот Талат Џафери е основа или генератор на дополнителна политичка криза – коментира Ефтов во последното издание на „Во центар“.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top