| четврток, 6 декември 2018 |

Кливленд со максимални 4-0 се пласираше во финалето на истокот, Бостон и Хјустон израмнија (видео)

klivlend

Актуелниот НБА шампион екипата на Кливленд сеуште нема доживеано пораз оваа сезона во плејофот. Во полуфиналето од источната конференција Леброн Џејмс и другарите со максимални 4-0 го елиминираа и Торонто и се пласираа во конференциското финале.

Бранителот на титулата на гостински терен славеше со 109-102, па во битката за финалето ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Бостон и Вашингтон.

Торонто на мечот беше без првиот плејмејкер Кајл Лаури, ја бркаше постојано предноста на гостите, но не успеа да ја стигне. Најефикасен во победничкиот тим беше Леброн Џејмс со 35 поени, девет скока и шест асистенции, а конечно вистинска поддршка доби од Кајри Ирвинг, кој постигна 27 поени, дополнети и со 9 асистенции. Одлична партија пружи и Кајл Корвер, за 27 минути постигнувајќи 18 поени.

Вашингтон израмни со Бостон во полуфиналето на Истокот на 2-2, додека истото го направи и Хјустон кон израмни на 2-2 во серијата на Западот против Сан Антонио.

Вашингтон до победата од 121-102 против Бостон дојде благодарение на одличната игра во третата четвртина (42-20) во која имаа неверојатна серија од 26-0.

Во западната конференција, Хјустон четвртото тексашко дерби го реши во своја корист победувајќи со 125-104, благодарение на 19 погодени тројки, но сега им треба нов брејк во Сан Антонио доколку сакаат финале во конференцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top