| четврток, 6 декември 2018 |

Албанците „виновни“ за поразот на Ле Пен: Изгубила бидејќи сакала да ѝ го врати Косово на Србија

Кандидатката од Националниот фронт – Марин ле Пен, ги изгубила изборите бидејќи сакала „Косово да ѝ го врати на Србија“, поради што ги изгубила гласовите на Албанците во Франција, пишува информативната агенција Прешева Јон.

Тие тврдат дека во Франција има повеќе од 260.000 Албанци и дека тие гласови заминале кај Макрон.
Прешева Јон во текстот објавен на нивниот портал, тврдат дека нејзините ставови кон Русија и кон Србија биле спорни, односно тоа што смета дека на Србија ѝ била нанесена неправда со прогласувањето на независност на Косово.

Тие потсетуваат и на нејзината најава дека би го повлекла француското признавање на Косово кога би победила на изборите.

Марин ле Пен, по објавувањето на првите резултати од изборите во Франција му честиташе на својот противник, Емануел Макрон, на победата.

Таа, исто така, им се заблагодари на сите граѓани што гласале за неа.

-Постигнавме историски резултат. Нашето движење стана водечка опозициска сила – изјавила Марин. Според првите официјални податоци од Министерството за внатрешни работи на Франција, центристичкиот кандидат Емануел Макрон во вториот круг на претседателски избори водел до 60,27 проценти од гласовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top