Рома славеше убедлив триумф на гости против Милан на „Сан Сиро“, победувајќи го тимот на Винченно Монтела со 1-4. Со тоа „волчицата“ се врати на втората позиција на табелата во Серија А, со еден предност пред Наполи.
Един Џеко со бомба го отвори резултатот уште во осмата минута, а 20 минути подоцна постигна уште еден погодок, со удар со глава по корнерот од левата страна.
Пашалиќ во 76.минута го намали резултатот, но надежта на Милан траеше само две минути, со оглед дека Ел Шарави постигна трет гол за Рома. Конечниот епилог го постави Де Роси од пенал во 87.минута, а Палета доби и црвен картон во домашниот тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)