Бошко Ѓуровски, поранешниот македонски селектор, е именуван за нов тренер на белградска Црвена Звезда.
Српскиот првак остана без тренер откако Миодраг Божовиќ поднесе оставка, а Управниот одбор за нов тренер го именува Ѓуровски. Помошник на македонскиот тренер ќе биде Милан Косановиќ.
За Ѓуровски ова ќе биде втор ангажман во Црвена Звезда, по оној во 2007 година, кога ја освои двојната круна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.