| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел ги зацврстува позициите: Победи на регионалните избори на северот на Германија

Конзервативната партија на Ангела Меркел победи на регионалните избори одржани за северот на Германија, најавија АРД и ЗДФ, германските телевизии. Со оваа победа Меркел уште повеќе ги зацврствува позициите за победа на парламентарните избори кои се одржуваат на 24 септември.

Првите резултатит велат дека демохристијаните од ЦДУ победиле со резултат помеѓу 33 и 34 отсто во Шлезвиг-Холштајн.

Во 2012 година на регионалните избори ЦДУ освои 26 отсто гласови и тогаш ги загуби изборите. Социјалистите тогаш однесоа победа со 27 отсто гласови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top