| четврток, 6 декември 2018 |

70 дена „За Заедничка Македонија“ (Видео)

Иницијативата ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА продолжува со креативни активности за време на викендите, како што беше пракса и до сега.

Поддржувачите на иницијативата, денеска на скопскиот плоштад симболично го направија бројот 70, колку што денови се протестира, и повторно дадоа поддршка за заедничка и унитарна држава.

Со бројот 70 формиран од поддржувачите на ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА беше испратена и порака за одржување нови избори.

Апелираат до граѓаните уште помасовно да се собираат на протестните маршеви во наредните денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top