| четврток, 6 декември 2018 |

18-годишно момче направило градник што го открива ракот на дојката? (Видео)

Според последните извештаи на Светската здравствена организација, 1 од 8 жени во Европската унија страдаат или имаат услови да заболат од рак на дојката.

Eva-Bra-Higia-Technologies

Според Independent,18-годишниот Хулијан Руиз Канту од Мексико наводно направил градник кој рано го открива ракот на дојките, односно го открива доволно рано за да тој може да биде лекуван.

Инспирација за неговиот пронајдок била неговата Мајка, кое своеврмено заболела од оваа болест што резултирало на крај со хирушка интервенција на двете гради.

Неговиот пронајдок, градникот, содржи преку 200 биосензори кои секојдневно ја следат состојбата на дојките и ја внатрешната температура во и околу нив.

Ова е видеото од компанијата каде што работи Канту, во кое се објаснува функцијата и начинот на кој функционира овој градник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top