Фудбалерите на Барселона додадоа уште три поени на своето бодовно салдо и тоа откако вечерва на „Камп Ноу“ го торпедираа Вилјареал со 4-1.
Главниот збор го имаше напаѓачкото трио МСН (Меси, Суарез и Нејмар) кое беше автор на сите четири голови на Каталонците. Два беа дело на Лионел Меси со што дојде до бројката од 35 погодоци во првенството, а пак по еднаш во листата на стрелци се запишаа Нејмар и Суарез. Брзоногиот Бакамубу пак беше стрелец за „жолтата подморница“ за која ова беше 9. пораз во актуелното првенство.
Сега Барса на две кола до крајот има 84 бода, односно три повеќе од ривалот Реал Мадрид кој вечерва и гостува на Гранада, плус има уште еден заостанат меч со Селта Виго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)